Шведскиот пратеник Пер Сведберг се напил пиво и ракија на божиќната забава и ги соблекол пантолоните. Нападнал една од своите колешки по ходниците на парламентот. На крајот морала да се заклучи во една канцеларија за да се спаси. Го повикала обезбедувањето на помош. Додека ги чекала ги слушала неговите непарламентарни зборови и понудите за „коалиција“.
Политичарот подоцна се извинал, а недоличното однесување го објаснил со неодамнешната операција на желудникот, поради која алкохолот му отишол право во главата. Колешката му простила бидејќи верува дека во нормални услови е мошне пријатен човек.