Еден јазовец во Германија се испијанил толку многу јадејќи презреани цреши, па се истетеравил до автопатот каде што останал да лежи неподвижен, соопштила полицијата. Него го забележал еден возач на мотор, кој повикал полиција и пријавил дека нашол мртов јазовец.


Подоцна се востановило дека јазовецот е жив, но мртов пијан. Полицијата открила дека јазовецот се прејал презреани цреши, кои ферментирале. Од автопатот успеале да го отстранат со метла.