Возачите во американскиот град Воминг не можеле да си дојдат при себе кога  виделе човек како јава бел коњ по снежно невреме.


Бенџамин Даниелс (28) се напил и го јавнал коњот. Јавал по средината на улицата и вистинска среќа е што никој не бил повреден. Условите на патот биле лоши, снегот паѓал, а видливоста била минимална. Сето тоа не го спречило Американецот да оди на јавање со коњот.

Полицијата го сопрела и веднаш го уапсила.