Пијан пензионер де онесвестил на пругата во германскиот град Латхен и продолжил да спие додека возот поминувал над него.
67 годишниот Франц Зимерман не се разбудил ни кога возот почнал да кочи, а продолжил да спие се до доаѓањето на полицијата и брзата помош.
„Спиеше како бебе, не го ни забележа возот над себе, не ми е јасно како не го разбуди татнењето на кочниците“, изјавил машиновозачот Јенс Петерс.