Еж без една нога се тркалал по овоштарникот откако се испијанил од ферментираните јаболка. Британските спасители на животни го нашле ежот во близина на Браунтон. Го одвеле бодликавото животно во ветеринарна станица близу Њутон Абот.


Ежот се разбудил мамурен. Жената која го одвела во болница рекла дека ова и е прв пат да пронајде пијан еж. И покрај таблетите против болки и антибиотиците ежот најверојатно се разбудил со страшна главоболка.