Еден пијан австралијанец провалил во паркот за крокодили Брум, па се обидел да јава еден од крокодилите долг пет метри. Крокодилот го каснал човекот за ногата, но за големо чудо подоцна го пуштил. Го повредил, но човекот успеал да се извлече и да побара лекарска помош.
Од полицијата известиле дека човекот пред авантурата со крокодилот бил исфрлен од еден локален бар. Во терариумот имало вкупно три крокодили. Началникот на полицијата изјавил дека човекот треба да е пресреќен што успеал да ја преживее средбата со крокодилот.