Американскиот адвокат Лери Вилдер од Индијана заспал во канта за ѓубре на соседот после една ноќна пијанка. После тоа се извинал и рекол дека му е многу непријатно. Вечерал со пријателите во Луисвил. Се сеќава само дека со лимузина го довезле пред куќата.
Наредното утро соседот го нашол во кантата и повикал полиција, која му помогнала да влезе во куќата. Шефот на полицијата рекол дека не го уапсил бидејќи не сторил никаков прекршок. Меѓутоа претставникот на градското собрание ќе го разгледа неговиот статус.