Газираните пијалоци се веќе одамна на листата на намирници кои треба да ги избегнуваме поради лошото влијание врз здравјето, но има и полоши работи.

На пример, ароматизираното кафе може да се стави на прво место. Зошто? Едноставно, обичното кафе има вода и кофеин, а се додека не претерувате, здраво е. Дури и малку шеќер и шлаг создаваат одредени проблеми, а кафињата од типот на Старбакс и слични претставуваат вистинска калориска и шеќерна бомба.

Таквото кафе има преку 300 калории, просечно 11 грама масти, 38 грама шеќер и 40 грама јагленохидрати, што вкупно значи дека е многу штетна.

Ништо подобри не се ни купечките овошни сокови. Дури и 3.5 децилитри сок од јаболко има 180 калории, 43.5 грама јаглени хидрати и 42 грама шеќер, отприлика како и сокот од портокал. Подобро да изедете овошје и да се напиете вода.

Енергетските пијалоци од самиот почеток се многу лоши според нутриционистите, бидејќи шокантното дејство на големата количина на кофеин и шеќер на нашиот организам е лошо за здравјето – калориите, јагленохидрати и шеќер има повеќе од горенаведените сокови на двојно помала количина.

Засладените чаеви од продавниците исто така се прилично лоши за нас –  просекот за 3.5 децилитри е 110 калории, 27 грама јагленохидрати и еднакво шеќер.

Што да се каже освен-направете си чај!

 

извор:metro-portal.hr