Колумбискиот град Туна претендира да го собори светскиот рекорд во пиење кафе, бидејќи на еден негов плоштат се собрале 13.800 лица кои истовремено го конзумирале овој напиток. Масовното пиење кафе го организирале локалните власти на источната провинција Бојака и Националното здружение на производители на кафе во земјата која произведува некои од најдобрите врски кафе во светот, вклучувајќи ја и исклучително квалитетната Арабика, а во која потрошувачката по глава на жител е многу мала.
Организаторите соопштиле дека доказите за овој настан во главниот град на провинцијата ги предале до Гинисовата книга на рекорди. Досега најголемиот ваков настан бил организиран во Југендпарк во Келн во август 2009 година, на кој кафе истовремено пиеле 8162 лица. Потрошувачката на кафе во Колумбија по глава на жител е повеќе од двојно помала од потрошувачката на кафе во САД, и околу четири пати помла од потрошувачката во Скандинавија.