Во кинескиот град Зенгијанг жителите се натпреварувале во пиење оцет за да привлечат туристи. Мештаните се наредиле во ред и пиеле од шишенцата се додека секој не испил по три шишиња од 375 милилитри. Пред пиењето натпреварувачите морале да одат на лекарски преглед за да бидат сигурни дека немаат висок притисок, срцеви мани или ментални болести.


Победил Лиу Јуејуин кој своите три шишенца ги испил за 28 секунди. Додека пиел самиот си зборувал дека не пие вински оцет, туку минерална вода со мед. Така успеал да ги испие без проблем. Организаторите изјавиле дека освен туризмот сакале да го промовираат и оцетот како еден од здравите производи кои треба да ги користиме.