Како што пренесуваат американските таблоиди, популарниот рапер Пи Диди завршил во болница поради проблеми со главоболка. Тоа се случило по завршувањето на забавата која ја организирал во Плејбој вилата по повод доделувањето на наградите Греми.
После забавата отишол дома и почнал да чувствува страшна главоболка. Итно бил пренесен во болницата УКЛА, но како што пренеле медиумите сега се чувствувал одлично.