Популарниот рапер Џеј Зи е симнат од тронот на најбогатите во рап музиката, бидејќи неговото место го зазел неговиот голем ривал Пи Диди и тоа за 25 милиони долари, објавило списанието „Форбс“. Шон Комс, попознат како Пи Диди во својот живот стекнал богатство од 475 милиони долари, што е за 25 милиони долари повеќе од моќниот Џеј Зи, кој така се нашол на второто место на листата.


Пи Диди меѓу останатото се збогатил преку своите модни брендови “Sean Jean Clothing”, водката “Cirio” и сопствената издавачка куќа “Bad Boy Worldwide”. Покрај овие двајца третото место со големо заостанување го зазел Др.Дре со 125 милиони, а на четвртото и петтото место се нашле Бирдмен и Фифти Сент, кои заработиле по 100 милиони долари.