Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ во стандардниот термин од 21 часот носи концерт на пијано дуото Гелебешеви.

Уште од периодот на почетоците на своето делување во 2001 година, пијано дуото Гелебешеви составено од Катерина Гелебешева – Костадиновска и Глигор Гелебешев се промовираа како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена.

Според музичката стручна крритика, настапите на дуото Гелебешеви се карактеризираат со перфекција во музичката креацијата доловувајќи ги суштинските одлики на композициите од технички, уметнички или стилски аспект.

Вчеравечер, на фестивалот настапи извонредната руска пијанисткаВиолета Егорова која приреди неповторливо доживување на „Охридско лето“  одржувајќи концерт во рамките на музичката програма на фестивалот.

Егорова  фасицинира со концертниот артизам. Со внимателно избраниот репертоар, со нејзината музичка интерпретација што подразбира неверојатна леснотија и префинета техника, ги разбранува чувствата кај фестивалската публика која уживаше во романтичната вечер.

OhridNews