Сообраќајна несреќа се случи денеска нешто пред пладне на булеварот „Туристичка“ кај бензинската на „Макпетрол“. Автомобил марка „пежо“ веројатно движејќи се со поголема брзина не успеал добро да ја совлада кривината после бензинската кај Билјанини извори, изгубил контола и удил во бандера во зелениот појас.

Очевидци велат дека се активирале воздушните перничиња, па така возачот (девојка) минал без повреди, но била во шок. Автомобилот видно оштетен веднаш бил дислоциран од опасната кривина, а дежурни екипи на дистрибуција се обидуваа да ја санираат урнатата бандера. 


во сообраќајка настрада бандера, но за среќа нема повредени луѓе

ohridnews