Работнички рутински си ја одработи победа во Охрид. Со по еден гол во двете полувремиња “романтичарите“славеа на “Атина Бојаџи“ и го осигураа прволигашкиот статус.
– Сакам да им се честитам на моите фудбалери за професионалноста и ангажираноста во текот на целиот меч. Уште еднаш се покажа дека во фудбалот нема лесни натпревари. Се` можеше да се случи ако Охрид реализираше некоја од шансите. Од се` срце му се заблогодарувам на охриѓани за гостопримливоста за фер и коректната игра – истакна стратегот на “романтичарите“, словенецот Роберт Певник.
Во 32-то коло “романтачирите“ на домашен терен го пречекуваат Тетекс.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com