Ракометниот клуб Охрид и српскиот интернационалец Дарко Павловиќ ја прекинаа соработката и искусниот десен бек кариерата ќе ја продолжи во италијанскиот тим Мало.
29-годишниот интернационалец од Србија е вкупно петти ракометар кој го напушти охридскиот ракометен клуб.
Претходно, кариерата во друга средина ја продолжија Иван Тасески, Кирил Колев, Иван Стојановиќ и Горан Печенковски.
Очигледно, охридскиот клуб во Супер лигата ќе добие сосема нов лик со нови играчи и најверојатно стариот тренер Горан Андоновски.
Низ ракометните кулоари се поврзуваат неколку имиња со Охрид, но се уште нема ништо официјално.
OhridNews