Кошаркарскиот клуб АВ Охрид изгуби од Фени Индустри 82-92 (22-18, 9-24, 20-14, 23-18, 18-8) во третата рунда од Првата лига. Кобни за охриѓани во спортската сала Јасмин беа петте дополнителни минути и судиските одлуки кои отидоа во полза на домашната екипа.
„Галебите“ првата четвртина ја добија со 22-18, а во втората комплетно потфрлија и ја изгубија 24-9 за негатива (42-31) на полувремето.
После триесет минути игра „галебите“ намалија на 56-51, откако ја добија со 20-14. Во последниот квартал „сините“ го анулираа водството на домаќините и ја презедоа контролата на мечот. Во финишот при егал 74-74, охриѓани прокоцкаа напад за победа, а не реализираа ниту домаќините.
Во дополнителните пет минути Фени Индустри отвори подобро и преку Јане Петровски поентираше девет пати. Охридските кошаркари немаа одговор за разиграниот Петровски и судиите кои го украдоа шоуто во Кавадарци.
„Галебите“ го претрпеа вториот пораз сезонава во Првата лига, додека Фени Индустри ја забележа првата победа.
OhridNews