Пациентката била примена на Клиниката на 26 ноември со кардиолошки проблеми, како што се кардиомиопатија, атријална фибрилација (аритмија), тромбоемболија и проблеми со тироидната жлезда. Пациентката неколку дена била лекувана на КАРИЛ и по лабораториската потврда за присуство на вирусот А (Х1Н1) е префрлена на Инфективна клиника, каде била поставена на респиратор и дадена и е соодветна терапија. Но, и покрај максималната заложба на лекарите од Клиниката и пружената медицинска грижа, како резултат на хроничната срцева слабост, вчера нејзината здравствена состојба значително се влошила и констатирана е смрт во раните утрински часови.
Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти, додека на инфективното одделение во Воената болница се згрижени уште тројца пациенти, сомнителни за инфлуенца А (Х1Н1). Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 91 болни, додека во Воената болница се лекуваат 36 пациенти со симптомите на новиот тип на грип.