Петтата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на ден 13.12.2021 година понеделник со почеток во 09,00 часот. На дневен ред се 16 точки меѓу нив Предлог – Одлуки за разрешување и именување членови во Управни одбори на Јавните претпријатија, како и Предлог -Одлуки за разрешување и именување членови во Надзорни одбори за контрола на материјално – финансиското работење на Јавните претпријатија.

Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување надоместок за членовите на Општинската изборна комисија – Охрид и избирачките одбори за локалните  избори 2021 година. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Охрид за 2021 година.

Предлог – Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од мраз, слана и ниски температури во општина Охрид на ден 15.04.2021 година. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од пороен дожд и град во општина Охрид на ден 18.07.2021 година.

OhridNews