Во просториите на Чифте амам -Скопје, денеска ќе се одржи петтата по ред самостоја изожба на Ели Аиноска  Христовска од Охрид, насловена како “Двојно кодирање.”


Станува збор за инсталација составена од повеќе дигитални отпечатоци поставени на ѕид и под како скулптурални тродимензионални графики. Изложбата е сложен спој на повеќе уметнички дисциплини, преку интересно современо и естетско доживување, пред се на графиката, фотографијата , скулптурата , архитектурата, дизајнот…

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија,  а  ке ја отвори Маја Чанкуловска- Михајловска


Ели Аиноска – Христовска магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје отсек графика  под менторство на проф. Мирко Вујисиќ.

OhridNews