Македонската сениорска фудбалска репрезентација ја оправда фаворитската улога и славеше над Фарски Острови со 1-0 во последниот меч од Лигата на нации.

Единствениот гол беше дело на напаѓачот на Џирона, Бојан Миовски. Атанасов испрати топка на која гостителошо реагираа, а грешката максимално ја искористи Миовски кој погоди за радост на навивачите на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија претходно го имаше обезбедено првото место во групата и местото во Б дивизијата во Лигата на нации, а со петтата победа во низа остануваме во игра за баражот за пласман на Светското првенство што ќе се игра во 2026 година.

Г.М.
Фото: ФФМ