Повеќе од 500 кловнови од латинскоамериканските држави се собрале во понеделникот во Мексико Сити на „Насмеаниот саем“, организиран од Братството на латино кловновите.


На саемот, кој ќе трае четири дена, на посетителите ќе им бидат понудени работилници за глума, пресвиткување на балони, пантомима, гардероба, детски игри и боење на лицето. На споменикот на револуцијата во центарот на главниот град на Мексико, кловновите се спремни да ги насмеат луѓето.

Тие со своето петминутно непрекинато смеење како еден вид терапија, ќе се обидат да ги намалат тензиите предизвикани од светската економска криза.

Ф.К.