Првакот  во карате на Австралија, македонецот Пеце Наумовски ја потврди својата класа и стана шампион и на Океанија. Во голема конкуренција без ниту еден пораз Пеце го освои првото место на меѓународниот натпревар во Фиџи. Пеце до златниот медал од меѓународниот натпервар на Океанија во Фиџи  стигна со шест победи  во исто толку меча притоа загуби само еден поен.


Наумоски (13)е првак во карате на Австралија и го освои петто место на светското првенство во Јапонија. Пеце има желба да настапи за Олимписката репрезентација на Австралија, но тој има и македонски пасош и не ја крие желбата да ја претставува Македонија на некои светски натпревари во карате.  Македонската заедница во Австралија е  горда на успесите на Пеце, кој секаде се преставува како македонец, а победите ги прославува веејќи ја “ѕвездата“ од Кутлеш.


По победата на меѓународниот натпревар во Фиџи и освоеното прво место Пеце Наумовски беше претставен од единствениот американски Карате магазин, од каде добил донација од илјада долари.