Повремениот македонски репрезентативец Дејан Пецаковски кариерата ќе ја продолжи на афричкиот континент односно во тимот на Африкан клуб од Тунис.


Пецаковски сезонава ја започна во Макс Струмица, но замина од клубот после финанските проблеми и лошите резултати во регионалната СЕХА лига.

Потоа, тој тренираше во тимот на Работнички кој е голем ривал на Охрид во Супер лигата, но најверојатно не успеа најде заеднички јазик со управата и реши да замине надвор од македонските граници.

Пецаковски беше поврзуван и со Пелистер, но битолскиот клуб нема конкурентска екипа сезонава во елитното ракометно друштво во Македонија.

Ohridnews