Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, со соопштение до медиумите реагира на одбележувањето на годишнината од постоењето на Унијата на млади сили на ВМРО Народна партија, која тврди дека е легитимен наследник на ВМРО. Во рекацијата се вели:

„Пуста желба на ВМРО-НП…. Бесцелно е да се коментира кој е легитимен наследник на Унијата на Млади Сили, дали е ВМРО-ДПМНЕ или ВМРО-НП?

 ВМРО-ДПМНЕ како партија веќе 19 години ја чуваат и гаат идеологијата на македонизмот.Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ ја одбележа својата 18 годишнина на 30 Мај 2009 по повод нејзиното официјално формирање на 6 Април 1991 година на Прилепскиот Конгрес на кој јасно беше конкретизирано и објавено формирањето на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-НП постои како партија околу пет години и не може да се кити со полнолетството на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, туку како постоечка партија може да си ја прослави нејзинита сеуште ненавршена пет годишнина. ВМРО-ДПМНЕ изобилува со членство кое влече корени со генерации наназад и претставува начин на живеење и начин на живот, односно кулура во полн контекст на поимот… Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ со својата интеграција во македонскиот социјален и општествен живот стана тренд на младите луѓе кои од ден на ден се се повеќе заитересирани за нејзината работа  и идеологијата на оваа организација, а нивната поддршка и бројка на членови е се поголема.

Желбите и аспирациите се водечка мисла на денешните партиски организации, но желбите и аспирациите на ВМРО-НП влегуваат во судир со реалната слика на македонската политичка сцена, а претензиите за превземање, и китење на туѓа слава се воопшто неприфатливи и доста политички апатично презентирани во јавноста како партија која самата се смета за партија со „високи дострели“ – стои во реакцијата на Кирил Пецаков -претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ О.К. ОХРИД.

Ohridnews