Чуварот на мрежата Кирил Пецаков и Иван Тасески се новите двајца ракометари кои го продолжија договорот со Ракометниот клуб Охрид.

Управата на „гладијаторите“ го задржува костурот на екипата кој минатата сезона успеа да обезбеди опстанок во Супер лигата.

Претходно едногодишен договор со охридскиот состав потпишаа Андоновски, Костески, Анѓелкоски, браќата Белевски, Соколов и новото засилување Кирил Колев.

Мх.П.