На Вардар на патека кај Неготина се одржа третото и последното коло од Првата македонска лига во риболов во дисциплината лов риба со јадица на пливка.
Државен првак на Македонија во екипна конкуренција за 2010 година е екипата на СРК „Пец Пец“ од Прилеп, среброто го освои екипата на ЗСР „Вардар“ од Скопје, а бронзата и припадна на екипата ЗСР „Бабуна“ од Велес.
Државни прваци – Пец Пец
Во поединечна конкуренција државен првак на Македонија за 2010 година е Сашо Цветкоски, натпреварувач на СРК „Пец Пец“ од Прилеп, вицешампион е Благоја Цветкоски натпреварувач на ЗСР „Вардар“ од Скопје а со бронзен медал се закити Тони Петрески натпреварувач на СРК „Пец Пец“ од Прилеп.
Во пресрет на последното трето коло убедливо водеше екипата на Вардар од Скопје со две освоени први места во првото и второто коло кои се одржаа на Тиквешко Езеро. Во третото коло сите натпреварувачи на Вардар потфрлија со што се најдоа на последното место, а екипата на Пец Пец од Прилеп ги претекна и со освеното првото место , прилепчани ги освоија двете титули.
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, МК Велгошти на ВМРО-ДПМНЕ организира фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Натпреварот започнува во 11:00 часот во пон...
Во рамки на четвртото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на РК Алкалоид „Гладијаторите“ се надеваат на позитивен резултат и ветуваат дека ќе го дад...
Охридските стрелци бележат два последователни настапи на Државното првенство и вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма Двата натпревари се одржаа на стрелиштето во Битолската ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.