Екипата на Струмица во премиерниот натпревар од Купот на Македонија на своја кожа ја осети силата на актуелниот првак МЗТ Скопје.
„Гостите“ имаа сила само за почетните минути кога имаа предност 10-0, а потоа „штрковите“ заиграа онака како што му доликува и забележаа убедлива победа 100-75.
– Им честитам на кошаркарите од МЗТ Скопје за победата и пласманот во 1/2 финалето. Тие на теренот покажаа дека се работи за екипа која е класа над другите. Ние без Грнчаров и Арсиќ и со доста млада екипа солидно му париравме на македонскиот првак – потенцираше тренерот на Струмица, Слободан Петровски.
Мх.П.