Македонија на Светското првенство во мали базени во Истанбул ќе ја претставуваат тројца пливачи Анастасија Богдановски, Марко Блажевски и Дамјан Петровски.


Премиерата на СП ќе ја има Петровски, кој ќе се натпреварува на 100 метри градно. Петровски исто така ќе настапи на 50 и 200 градни и 100 мешано.

Блажевски ќе настапи во дисциплините 100 и 400 мешано, 200 пеперутка и 400 слободно. Богдановски ќе плива во дисциплините 50, 100 и 200 слободно.

На мундијалот во Турција во мали базени ќе продефилираат пливачи од 158 земји ширум светот.

Мх.П.