Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од Охрид посочи дека Министерството за одбрана не ја исклучува можноста, согласно направените проценки и во соработка со Министерството за здравство, да ги стави расположивите капацитети за лекување на војници од Украина.

Се уште не е разговарано на седница на Влада, но имајќи го предвид искуството кое го имаме како Министерство за одбрана и армија со тренизните кои ги спроведовме во текот на минатата година кога околу 120 припадници на украинската армија беа обучувани на тренинг центарот Криволак, таа идеја како Министерство за одбрана апсолутно ќе ја поддржиме и ќе ги ставиме на располагање сопствените капацитите се разбира врз основа на претходно направена проценка и со Министерството за здравство и другите институции кои треба да бидат вклучени во ова.

Во поглед на капацитетот на болниците, министерката нагласи дека имаат, но за тоа ќе треба и мислење од Министерството за здравство.

Меѓутоа во рамките на Министерството за одбрана постојат капацитети кои можат да бидат соодветно ставени на располагање. Затоа велам дека во оваа иницијатива ќе бидат вклучени повеќе институции, а како Министерство за одбрана апсолутно сме подготвени позитивно да одговориме и да излеземе во пресрет на ова барање. Немаме конкретни датуми кога би почнало тоа да се реалзира, но сме подготвени како Министерствот за одбрана и армија веднаш да реагираме.

Коментирајќи ја последната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, потсети дека земјава ја поддржува Украина и нејзината борба, но оти нема испраќање војници на украинско тло, туку станува збор за мисии за поддршка.

Тоа воопшто не е дискутирано, на последниот министерски состанок во Брисел воопшто не беше разговарано за испраќање војници. Станува збор за поддршка во други форми. Иницијативата сеуште е во фаза на разговори и не се донесени конечни одлуки како и во која форма ќе биде спроведена, посочи Петровска.

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска