Македонската женска репрезентација за кошаркарки до 20 година во Охрид ќе ги финишира подготовките за престојниот настап на Европското Првенство Б дивизија што во арената „Билјанин Извори“ ќе се игра од 6 до 15 Јули.

Два пати дневно под полна пареа се работи во „Билјанини Извори“ каде кошаркаките ќе ја темпираат формата до стартот на првенството кое почнува во понеделник.

Имаме одлична атмосфера во Охрид и во репрезентацијата, која може да ни донесе само позитивни резултати.  Се надавем на пласман во 1/4 финалето и обезбедување на нокаут натпревар – вели селекторот Александар Петровиќ.


Главниот акцент во овие неколку дена ќе биде ставен на формирање на препознатлива игра, дисциплинирана како во одбранта така и во нападот, ќе се инсистира на брза кошарака со доста контра напади кои носат лесни поени .

Ако неискустовото е нашиот најголем минус, тогаш најголем плус е тоа што ова е доста перспективна селекција од која вистинските резултати ќе ги очекуваме в година. Сигурно дека ќе се обидеме и на ова првенство да стигнеме до добар резултат играме дома во одличен термин и очекувам подршка од охридската публика кој ќе биде наш шести играч – завршува Петровиќ

М.П.