Три интересни и ефикасни натпревари проследи публиката на вториот ден од традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.
Во првиот натпревар вечерва, Сатеска со 3:1 беше поуспешна од екипата на Дамјан, Климент и Михаил.
Вториот меч донесе 6 гола. Гостилница Мече – Бел Мерцедес 2:4.
Гол помалку падна на третиот вечерашен натпревар во кој Дипсакус Вевчани ја совлада екипата на Ајриш Паб Фајв со 4:1.
Натпреварите на 49 турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта продолжуваат во сабота со три средби.
Распоред на натпревари сабота 22.06.
20:30 ч. Брумел – Велио Компани
21:30 ч. Мешеишта – Американо
22:30 ч. Еко Шпар – Игор Бенд Бушиноски
Г.М.