Екипите на АСП ПАК, Сатеска и Др. Баткоски обезбедија пласман во 1/4 финалето на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.
АСП ПАК со 4:2 ја совлада екипата на Бомбаши, Сатеска со 3:0 славеше над Мешеишта, а со идентичен резултат екипата на Др. Баткоски беше поуспешна од Дооел Ноче.
Осминафиналните пресметки продолжуваат во сабота, 6 јули, со уште три средби:
20:30 Брумел – Вис Пој
21:30 Виена Комерц – Ресторан Станица Викса Пром
22:30 Кафе Бар 9 – Рента Кар Кико
Г.М.