Екипите на АСП ПАК и Кафе бар 9 обезбедија пласман во полуфиналето на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.

Во првите четвртфинални средби што се одиграа синоќа, бранителот на трофејот, екипата на АСП ПАК, беше поуспешна од Брумел со 4:1, додека Кафе бар 9 ја совлада екипата на Др. Баткоски со 2:1.

Преостанатите патници во полуфиналето ќе бидат познати вечерва, кога ќе бидат комплетирани четвртфиналните пресметки на турнирот.

Вторник 09.07.2024

21:00 Сатеска – Бел Мерцедес
22:00 Инекс Олгица – Ресторан Станица Викса Пром

Г.М.