Натпреварите од вториот ден на турнирот во мал фудбал Петровден 2023 во Мешеишта донесоа нови возбудувања и една неизвесна средба.
Вечерта ја отворија Хотел Амбасадор и Кафе Бар 9. Во средбата со најмногу голови, Кафе Бар 9 славеше 3:5.
Во вториот меч Сатеска ја совлада екипата на Шумско Галичица со 4:0, додека средбата помеѓу Враништа и Св. Троица 2021 заврши без голови 0:0.
Натпреварите на турнирот продолжуваат во петок, 23 јуни, а се среќаваат:
20:30 Др. Баткоски – Вис Пој
21:30 Фк Слатино – Брумел
22:30 Волино – БЗ Груп Ложани
Г.М.