Екипата на Др. Баткоски го освои третото место на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2023“, што се игра во Мешеишта. Во малото финале, вечерва, Др. Баткоски ја совлада екипата на БЗ Груп Враништа со 3:2, полувреме 2:0.

Со головите на Никола Шекуткоски и Кристијан Петкоски, екипата на Др. Баткоски создаде осетна предност во првиот дел. Екипата на БЗ Груп Враништа со головите на Марјан Милески и Методија Милески целосно се врати во мечот. Победникот го одлучи Даниел Шекуткоски за конечни Др. Баткоски – БЗ Груп Враништа 3:2.

Натпреварот го судеа Марјан Ецкоски и Ацо Мацески.

Во големото финале, кое исто така се игра вечерва, се среќаваат екипите на АСП ПАК и Вабко Сервис Џуте.

Фото галерија: 

Екипата на Др. Баткоски го освои 3 место на турнирот „Петровден 2023“

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски