Со три средби вечерва продолжија натпреварите на турнирот во мал фудбал „Мешеишта 2023“.
Првата средба донесе интересен фудбал и неизвесност. На крајот по бод за Кафе Бар 9 и Враништа кои одиграа нерешено 1:1.
Од 21:30 на теренот истрчаа екипите на Св. Троица и Хотел Амбасадор. Убедлива победа славеше Хотел Амбасадор 0:4.
Последниот натпревар од неделната програма донесе најмногу голови. Пекара Лихнида славеше висока победа на Игор Бенд Бушиноски 4:1.
Турнирот продолжува во понеделник со три натпревари во кои се среќаваат:
20:30ч. ФК Слатино – Волино
21:30ч. Брумел – БЗ Груп Ложани
22:30ч. Вис Пој – Гостилница кај Мече
Г.М.