Со три возбудливи натпревари синоќа продолжи турнирот во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта.

Во првиот натпревар Кафе Бар 9 славеше убедлива победа над Св. Троица 2021 со 5:0.

Ефикасен натпревар одиграа и Хотел Амбасадор и Враништа 2:4.

Во последната синоќешна средба, екипата на Др. Баткоски забележа победа над Гостилница Кај Мече 2:0.

Турнирот продолжува вечерва, 30 јуни, со нови три средби по групи:

20:30 Слатино БЗ Груп Ложани

21:30 Волино – Брумел

22:30 Подгорка – Вебко Сервис Џуте

Г.М.