Со натпревари по групи вечерва продолжи турнирот во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта.
Првиот натпревар во кој требаше да се сретнат Слатино и БЗ Груп Ложани, заврши службено 0:3. Неизвесен и интересен натпревар одиграа Волино и Брумел кој заврши без победник 1:1. Во последниот мел вечерва Подгорка – Вебко Сервис Џуте 2:4.
Турнирот продлжува во сабота, 1 јули, со една мајсторка и три средби по групи, од кои на две ќе настапи екипата на Тороман Мешеишта.
Сабота 01.07.2023
20:00 Арена Мислешево – Стаклара Исмајлоски (мајсторка)
20:45 Тороман Мешеишта – Вис Пој
21:45 Тороман Мешеишта – Гостилница Кај Мече
22:45 АСП Пак – Еко Шпар
Г.М.