Турнирот во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта продолжи синоќа со четири натпревари. Вечерта беше отворена со мајсторката помеѓу Арена Мислешево и Стаклара Исмајлоски 0:1.
На програмата синоќа беа уште три натпревари по групи, а две средби одигра екипата на Тороман Мешеишта.
Сабота, 1 јули:
Тороман Мешеишта – Вис Пој 3-0
Тороман Мешеишта – Гостилница Кај Мече 1-2
АСП Пак – Еко Шпар 8-5
Турнирот продолжува денеска, недела, со уште четири средби.
Недела, 2 јули:
20:00 Стаклара Исмајлоски – Подгорка (мајсторка)
20:45 Сатеска – Камионски делови Бос
21:45 Тороман Мешеишта – Др. Баткоски
22:45 Ресторан Станица Викса Пром – Пекара Лихнида
Г.М.