Третиот ден од турнирот во мал фудбал Петровден 2023 во Мешеишта донесе нови фудбалски возбудувања во кои уживаше публиката на исполнетото гледалиште.
Вечерта ја отворија Др. Баткоски и Вис Пој. Славеше екипата на Др. Баткоски со високи 4:0.
И втората средба донесе ефикасен фудбал. Фк Слатино – Брумел 1:3.
Вечерта ја заокружија Волино – БЗ Груп Ложани 1:5.
Турнирот продолжува во сабота, 24 јуни, со три средби:
20:30 Подгорка – Стаклара Исмаилоски
21:30 Дебрца Експрес – Бомбаши
22:30 Арена Мислешево – Вабко Сервис Џуте
Г.М.