Возбудливи три натпревари со девет гола виде публиката вечерва на Турнирот во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта.

Вечерта ја отворија ФК Слатино и Волино. На победа се радуваше екипата на Волино која славеше со убедливи 0:3.

Неизвесен натпревар одиграа Брумел и БЗ Груп Ложани кој го реши еден погодок. Брумел забележа минимална победа од 1:0, за максимален учинок по две одиграни кола.

Најефикасен беше мечот помеѓу Вис Пој и Гостилница кај Мече. Славеше Вис Пој со 3:2.

Турнирот продолжува во вторник, 27 јуни, со три натпревари по групи:

20:30 Бомбаши – БЗ Груп Враништа
21:30 Алуминиумски огради Охрид Струга – Еко Шпар
22:30 Камионски делови Бос – Шумско Галичица

Г.М.