Натпреварите одиграни вечерва на турнирот во мал фудбал „Петровден 2022“ имаа емотивна нишка која кулминираше на средбата помеѓу екипите на Бакугани Мешеишта и Кафе бар 9, која беше посветен на прерано починатиот млад спортист Јован Николоски, кој денеска требаше да наполни 18 години. Во негова чест оваа средба започна со минута молчење.
Резултати 01.07.
Бате – Жиле – Лама 3:0 (службено)
Книжарница Клио – Пекара Лихнида 2:4
Мешеишта – Кафе бар 9 1:4
Турнирот денеска, 2 јули, продолжува со четири средби во кои се среќаваат:
20:00 Млади Бунтовници – Камен Инженеринг
21:00 Камионски делови Бос – Ајсел
22:00 Св. Тројца – Модул 3003
23:00 Магна Мирорс – Партизани
Г.М.