Заштитата на Охридското Езеро треба да е врвен приоритет на државата, смета градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој во улога на домаќин ги поздрави учесниците на меѓународната конференција за води што се одржува во Охрид.

„Заштитата на водите и нивното соодветно третирање и користење, за нас како локална власт не е само прашање  од еден мандат или еден кус временски период. Нашата грижа за зачувување на водите, како на оние на Охридското Езеро, така и на оние што го чинат езерскиот слив – претставува приоритет над приоритетите. Во таа насока се насочени и нашите секојдневни активности како и плански и развојни стратегии, бидејќи без постојните водени капацитети, без Езерото, Охрид не би бил она што е и што треба да биде“, рече во своето обраќање Петрески.


Заштитата на Охридското Езеро треба да биде приоритет смета Петрески

Петрески изрази очекување дека во таа насока ќе биде нагласена улогата и на државата со цел да се координираат напорите за зачувување на Езерото од натамошно деградирање.

На научниот собир за водите кој трае до 30 мај, учествуваат околу 150 научни експерти од 35 земји од светот.

ohridnews