Ова го изјави градоначалникот Александар Петрески, кој истакна дека просторот во касарната ќе има исклучиво образовна намена.
– Еден дел веројатно ќе биде наменет за потребите на населбата „Радојца Новичиќ“ бидејќи тука нема спортски терени, а ќе се изградат и спортска сала и базен, но сето тоа во функција на образованието, им изјави на новинарите Петрески.