Најголемите проблеми na општината ги решивме и сега ни преостанува да се сконцентрираме најповеќе на капиталните  проекти, кои Охрид ќе го направат поубаво место за живеење, изјави за Ohridnews, градоначалникот Александар Петрески. Со многу оптимизам тој во 2009-та година најави повеќе големи инвестиции.

– Убеден сум дека Охрид  во оваа година ќе добие уште неколку спортски сали, нов покриен и отворен базен, универзална сала, покриен пазар, неколку нови хотели и уште неколку поголеми маркети од типот на „Веро“ и „Тинекс“. Сето  тоа е реално остварливо и убеден сум дека тоа може да се направи во 2009-та година, оптимистички најавува градоначалникот Петрески.


Петрески со многу оптимизам гледа на Новата година

Честитајќи им ја Новата година на сограѓаните, градоначалникот Петрески посака во 2009 година да продолжат заедничките напори на сите со цел Охрид да стане еден од најпрепознатливите градови во Европа.

Ohridnews