Градоначалникот на Охрид Александар Петрески ги нарече невистинити и скандалозни обвинувањата што на негова адреса ги упати пратеникот од Охрид Александар Николоски.
Петрески потврди дека општина Охрид во возниот парк има три возила од марките Мицубиши, Мерцедес и Цитроен, но тие како што рече се купени во времето на претходниот градоначалник кој беше од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Петрески тврди дека општината нема, како што обвини Николоски, девет возачи за службени возила, туку тројца, кои исто така ги затекнал кога дошол на градоначалничката функција, а уште еден бил преземен од општината Косел која се припои со Охрид.Тој рече дека општината не купува нови возила туку има одлука на Совет со која се предвидува дел од возилата ангажирани за време на НАТО форумот да и се отстапат или продадат по повластени услови за потребите на админситрациијата и инспекциските служби.
Петрески рече дека е точно дека општината има долгови од над 5 милиони евра, кои кога дошол изнесувале 13 милиони евра. „Тоа беа дологови кои исто така ги затекнавме од периодот на владеење со градот на ВМРО ДПМНЕ, но ние долговите ги враќаме, а воедно и инвестираме како во патишта и друга инфрастрруктура, така и во образованињето каде општината досега има вложено преку 60 милиони денари сопствени средства“ рече Петрески.
Што се однесува до намерите за купување хеликоптер и глисери, Петрески рече дека тоа е дел од визијата за изградба на хелиодром и ново пристанишете во Подмоље што, како што рече, е предвидено со просторниот план за Охрид.
За градоначалникот на Охрид навредливи се тезите дека тој живеел хедонистичи. „Јас живеам во семејна куќа заедно со мојот брат кој исто како и мојата сопруга се пуштени на 70% во ЕМО, за разлика од како што рече, девојката на Николоски која се вработи во Минсиетсртвото за транспорт.
Петрески рече дека очекувал власта да започне политичка пресметка со него, но е изненаден што нападите доаѓаат од пратеници кои се од Охрид. Тој нив ги обвини дека ништо не придонеле за развојот на градот и дека дури намерно лобирале општината да не влезе во втората фаза од децентрализацијата затоа што не сакале Охрид да биде успешна општина. Тој смета дека пратениците од Охрид се водат од личните амбиции а дел од нив себеси се гледаат како кандидати за иден градоначалник.
Според него обвинувањата се смислен атак врз општина Охрид кој започнал по случувањата во општината Аеродром кои според него се параван за политичка пресметка на власта со градоначалниците кои не се од владејачките партии .
Г. Момироски