Охридскиот градоначалник Александар Петрески заедно со уште десетмина негови колеги од Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС, веќе трет ден се наоѓа во посета на регионот Долна Австрија. Градоначалниците како што информираат од ЗЕЛС, ќе разгледаат повеќе капацитети за управување со сметот, производството на електрична енергија, зачувување на водните ресурси, а ќе имаат средби и со експерти од соодветните области во рамките на кои ќе бидат одржани и повеќе презентации.
Во рамки на посетата на Долна Австрија македонските градоначалници, ќе остварат средби и со авторитетите од овој регион, а ќе се сретнат и со колеги од неколку градови од овој дел од Австрија.
Ohridnews