– Сметам дека треба да се промени начинот на доделување на Свети Климентовата награда и тие што одлучуваат. Тука не треба да се инволвира ниту градоначалникот ниту Советот, туку треба да се изберат десетина луѓе – охриѓани кои значат за Охрид со својот интелект и со тоа што го имаат постигнато во својот живот и тие да да ја сочинуваат Комисијата која ќе ја доделува Свети Климентовата награда, рече Петрески.
Тој истакна дека одлуката за промена на начинот на доделување на највисокото општинско признание ја носи Советот, до кој тој го испратил својот предлог, но се додека не се донесе пинаква одлука треба да се почитуваат сегашните критериуми. Во тој контекст Петрески додаде дека општината треба да изнајде начин и да им ги врачи наградите и на минатогодишните добитници, кои поради добро познатите причини, се уште не ги добиле признанијата.