Советот на општина Охрид може да заседава и без мнозинство изјави денеска градоначалникот Александар Петрески.

Во разговор со новинарите Петрески истакна дека тој нe го прави советничкото мнозинство бидејќи градоначалникот е засебна  институција. Мнозинството не го формира градоначалникот туку советниците вели Петрески. Тој истакна дека материјалите за првата работна седница на советот во нов состав се подготвуваат и очекува таа да се одржи кон крајот на овој месец.

Новиот Совет на општина Охрид беше конституиран на 15 април, но освен свечената седница не одржал друга. Причина за тоа е неможноста да се постигне  договор помеѓу советничките групи кој да го формира мнозинството. Најмногу советнички места има ВМРО ДПМНЕ – 9, а СДСМ има 7. И двете најголеми партии водат преговори со помалите субјекти за формирање мнозинство. Неофицијално преговорите запнале околу распределбата на функциите поради големите барања на помалите партии. И додека народните избраници се пазарат, проблемите на граѓаните чекаат да бидат решени, а на прагот е и  главната туристичка сезона. Ќе имаат ли сила советниците да ги надминат тесните партиски и лични интереси останува да се види.

Честитки и чек од 300 000 денари од општината за освојувачот на купот

Ohridnews